Зошто нас?

Нов Осигурителен Брокер АД Скопје претставува посредник помеѓу клиентот и осигурителната компанија, сè со цел да му обезбеди на клиентот најдобра понуда, без разлика на типот на осигурување.
Располагаме со професионален и стручен кадар, кој целосно се залага и го става клиентот на прво место, овозможувајќи му брза услуга и 24/7 часовна достапност.

Историја на компанијата

НОВ ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД Скопје претставува осигурително брокерско друштво со седиште на ул. Коле Неделковски бр. 12А-1. Согласно Законот за супервизија во осигурување, основано е на 13.07.2012 година со целосно домашен капитал.

Од моментот на своето формирање, па сè до денес, друштвото бележи постојан успех во своето работење. Основна цел на Нов Осигурителен Брокер АД Скопје е да се погрижи за своите клиенти и да им обезбеди најповолен избор помеѓу понудите за осигурување на осигурителните компании.

Нов Осигурителен Брокер АД Скопје е присутен во неколку населени места и градови на територијата на Република Македонија, и тоа: Скопје, Тетово, Прилеп, Крушево, Делчево и Граничен Премин Богородица. Планирано е понатамошно проширување и развивање на продажната мрежа на НОБ.